Според мислење на редакцијата на „Спортмедиа”, играч или најдобар поединец во неделното 21. коло е Виктор Ангелов од редовите на Шкупи. И не само што постигна гол за „пандевци” во големата победа во Струмица, туку едноставно беше централна фигура. Во тимот на колото покрај Ангелов, тука се и Азизи, Броја и Тандина од Шкупи, Муслиу, Мици и Ибраими од Шкендија, Димитровски од Работнички, Брдаровски, Фелипе и Најдовски од Вардар.

ВИКТОР АНГЕЛОВ
Тим: Шкупи
Роден: 27.03.1994 во Дортмунд
Кариера: Работнички, Тетекс, Металург, Ујпешт, Шкупи