Дали промената на формацијата го донесе посакуваниот резултат на Вардар и првата победа? За оние кои не забележаа, вчера „црвено-црните“ одиграа во формација 3-5-2, прв пат по подолго време, односно прв пат во „ерата“ на Александар Васоски како шеф на стручниот штаб.

Но, оваа промена го донесе посакуваниот резултат. Тоа е победа на дуелот со Македонија ЃП, прва во оваа година.

Евидентно беше колку бекот Жуниор е покорисен во офанзива, а Брдаровски беше тој кој помагаше во одбраната кога требаше, иако и тој одеше „високо“ кон напред. Тактиката со двајца напаѓачи се исплатеше, Лира и Ибиши ја завршија работата (едниот асистент, другиот стрелец). Исто така и средниот ред беше на нивото.

На оваа победа покрај тактиката, голема улога одигра и враќањето на Фелипе на старите патеки. Бразилецот покажа дека кога е подготвен, од него може сè да се очекува.

А, дали Вардар ќе игра со истата тактика и следните мечеви, одговор добивме од тренерот Александар Васоски.

„Се решивме да смениме нешто, како еден вид шок терапија за играчите. Мораше нешто да се промени после оние први две кола, и се покажа како исправно. Цела недела го трениравме ова, и донесе резултат. Сите одиграа добро, сите ја завршија својата работа. А, дали ќе играме и следниот пат со оваа тактика, не знам. Ќе видиме. Но сигурно дека можеме да сметаме на оваа формација и понатаму“, вели Васоски.