Во меч без значење околу пласманот на фајнл-фор завршницата во балканското друштво Кожув на домашен терен од Атирај со 83-76 (20-26, 23-21, 17-19, 23-10).

Вилијамс со 23 поени и шест асистенции беше прв стрелец кај гевгеличани, Кесар имаше 16 поени, додека два помалку запиша Караколев.

Избраниците на Александар Јончевски не го отворија мечот како што посакуваа, противникот поведе со 2-7, а брзо дојде и до двоцифрено водство (6-16, 8-18), но во десетата минути намалија на шест поени негатива (20-26), додека пак на одморот беше 43-48.

Атирај се држеше и во третата четвртина, успеваше да ги одбрани нападите на Кожув, кој успеа целосно да се разбуди во одлучувачките десет минути.

Кесар, Вилијамс и Ивелја, не дозволија противникот да замине со целиот плен, на крајот сосема залсужено се радуваа на третата победа во БИБЛ-лигата сезонава.

По десет одиграни кола, Кожув е на петото место на табелата со 13 бода. За потсетување вториот македонски тим во БИБЛ-лигата, Блокотехна токму на сметка на градскиот ривал го потврди местото на фајнл-фор завршницата.