Жозе Мурињо по заминувањето од Манчестер Јунајтед и натаму е во центарот на вниманието. По двата порази од Барселона во само три дена фановите на Реал Мадрид побараа од челниците на клубот да го вратат на кормилото на тимот.

Додека во јавноста може да се прочитаат најразлични информации околу следната дестинација на Португалецот, тој излезе со уште една интересна изјава.

На констатацијата на еден новинар дека токму со Реал Мадрид не успеа да освои титула во Лигата на шампионите, Мурињо рече:

„Имам освоено титула во Лигата на шампионите на „Сантијаго Бернабеу“ со Интер“.