Како што пишуваат италијанските медиуми речиси целиот состав на Јувентус по поразот на првата осминафинална пресметка од Атлетико Мадрид (2-0) во Лигата на шампионите, бил на приватна забава во Торино со 60 манекенки. Фудбалерите по мечот изнајмиле приватен авион за да бидат дел од „жешката“ забава, која ја напуштиле во раните утрински часови. Дел од девојките кои биле на своите „Инстаграм“ профил објавиле и видео-запис.

На оваа забава не дошле само Федерико Бернардески и Андреа Барзаљи, а меѓу останатите гости бил и Кристијано Роналдо.