Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски си зазема место во најдобриот тим на 35. колото во англиската Чемпионшип дивизија.

Тој беше еден од најдобрите играчи на Лидс Јунајтед во победата од 4:0 против Вест Бромвич Албион на „Еланд роуд. Алиоски беше стрелец на еден погодок на тој натпревар.

Алиоски беше важна алка на тимот на Лидс и имаше фантастична индивидуална претстава, а неговиот погодок беше само шлаг на тортата. Лидс го победи Вест Бромич Албион и ги потврди високите аспирации – пишува во забелешката на веб-сајтот на Чемпионшип дивизијата.

Македонецот е единствениот играч на Лидс кој најде место во тимот на колото.