• По фијаското на СП 2018 и лошите резултати во Лигата на нациите беше јасно дека Јоаким Лев мора направи промена во националниот тим.

Селекторот пречкрта неколку фудбалери за кои смета дека не му се потребни во иднина и ќе се потпре на нова помлада генерација желна за докажување. Лев објави дека во иднина нема да смета на услугите на триото на Баерн Минхен, Томас Милер, Џером Боатенг и Матс Хумелс.

Сакаме да продолжиме со подмладувањето што го стартувавме минатата година. Затоа, Боатенг, Хумелс и Милер нема да бидат дел од националниот тим во иднина. За мене беше важно важно прво лично да се видам со фудбалерите и со челниците на Баерн за да им ја објаснам својата одлука, не сакав да дознаат од медиумите. Им соопштив дека поставуваме темели за иднината, сакаме да му дадеме нов лик на германскиот национален состав, убеден сум дека овој мој потег е правилен“ – изјави Јоаким Лев.

Тројцата играчи долго време го сочинуваа костурот на репрезентацијата, а беа дел од тимот кој во 2016 година стана светски шампион.