Во едно видео, работи кои не сте ги знаеле за Осман за себе кажа дека знае четири јазици: турски, српски, македонски и англиски јазик. Омилена храна му е турската, омилено јадење му е бурекот, а омиленото место за одмор му е Охрид, градот во кој е и роден.
Осман ја напушти Македонија на четири години во насока на Турција каде зема турско државјанство и игра за турската репрезентација.
Меѓутоа никако не ја заборава Македонија и речиси не пропушта, а да не ја „изрекламира” нашата земја во интервју.