Прекрасната акција на младото трио на Металург едноставно мораше да се најде меѓу најубавите голови на СЕХА-лигата во месец февруари. Танкоски луцидно му ја додаде топката на крилниот Димитриоски, а тој му даде шанса на Серафимов со цепелин да постигне прекрасен гол на гостинскиот натпревар со екипата на Железничар во Ниш.