Не залудно се смета Бостон Селтик за еден од главните кандидати за титулата во НБА лигата, а потврдата за тоа стигна по големата победа над актуелниот првак, Голден Стејт, 128:95 и тоа на гостински терен.

Селтикс ја одиграа можеби најдобрата партија сезонава, отворајќи го натпреварот со 11-0, а со продолжението од мечот му парираа на Голден Стејт во секој можен сегмент од играта.

Клучен период во натпреварот беше втората четвртина која гостите ја добија со 41:24. Во продолжението се мина во знакот на Бостон.

Хејворд со 30 поени, Ирвинг со 19, како и Браун со 18 и Тејтум со 17 беа најефикасни во победничкиот табор, додека кај шампионот Кари постигна 23 поени, а Дурент 18.

РЕЗУЛТАТИ:
Индијана – Чикаго 105:96
Филаделфија – Орландо 114:106
Мемфис – Портланд 120:111
Минесота – Оклахома 131:120
Торонто – Хјустон 95:107
Голден Стејт – Бостон 95:128