Српскиот фудбалер Душан Тадиќ вчера го одигра најдобриот натпревар во неговата кариера, запиша две асистенции и гол во убедливиот триумф над Реал Мадрид 1-4.

„Најверојатно ова е најдобриот натпревар кој го имам одиграно во мојот живот. Го победивме најдобриот тим во светот. Горд сум и сигурен сум дека ги направивме луѓето среќни“.

Секако, тој е среќен, бидејќи на големо се зборува за неговите потези.

„Во фудбалот е најважно да се опуштите и да уживате во играта. Што се однесува до потезите, Зинедин Зидан беше мојот омилен фудбалер, можеби премногу имам гледно видео-снимки со него“, додаде Тадиќ, кој со своите соиграчи не можеа да ги контролираат емоциите.