Баерн Минхен уште пред неколку месеци најави подмладување на екипата, но исто така сака да ги задржи актуелните млади фудбалери кои се важни за иднината на клубот. Еден од нив е Серж Гнарби чиј договор истекуваше во 2020 година, а сега потпиша нов и подобрен со важност до 2023 година.

Оваа сезона младиот фудбалер постигна осум гола во 29 натпревари, а претходно играше за Арсенал, Вердер и Хофенхајм.