Легендарниот фудбалер и како тренер освои се што можеше и со „кралевите“, но изненадувачки пред крајот на минатата сезона одлучи да го напушти тимот.

Од оваа гледана точка, францускиот стратег добро знаеч што прави. Реал оваа сезона игра катастрофално, а неговите замени Хулен Лопетеги и Сантијаго Солари, не можеа да ја најдат идеалната игра која го красеше клубот.

Дека Зидан добро знаеше што следува можеше да се заклучи по неговите зборови на последната прес-конференција како тренер на Реал Мадрид.

„Ќе биде тешко да победувам и следната сезона. Имавме добри, но и тешки моменти. Тоа никогаш нема да го заборава, но мора да знаете сите: Не сакам да ја почнам сезоната и да имам очајни резултати. Сакам од тимот да заминам од врвот. Тоа го направив како играч и секако како тренер. Сега е вистински момент за тоа“, рече францускиот стратег.