Според пишувањата на мароканските медиуми, нема да биде дозволен никаков контакт со 31-годишниот фудбалер, како и фотографирање.

Ниту репрезентативците на Мароко, ниту навивачите нема да имаат шанса да добијат автограм од ѕвездата на Барселона, исто така никој нема да има право да го замени дресот со него.

Новинарите ќе останат без интервју со Меси, а организаторите се должни да пратат авион за неговото семејство.

Играчот на Барселона ќе одигра максимум 60. минути, што пак е очекувано. До крајот на сезоната го чекаат важни битки за освојување на посакуваните трофеи.

Дел од поставените услови до некаде се и чудни, но тоа е Меси. За Аргентина нема настапувано од СП во Русија, каде беа елиминирани од Франција.