„Романтичарите” на првите два меча, и двата ги играа дома, од можните шест освои само два. Ренова и Силекс останаа непоразени од тимот кој во зимскиот преоден рок осетно се засили и се посочуваше како еден од фаворитите во пролетниот дел. Се разбира дека има уште време многу работи да се променат, но овој тим на Работнички може и мора далеку повеќе. Мора да почне да победува…