Српскиот фудбалер во редовите на Ајакс, Душан Тадиќ стана десеттиот фудбалер, кој може да се пофали дека добил оценка „десетка” од француски Л’Екип. Во светот на фудбалот оваа оценка е една од најпрестижните признанија кои еден играч може да го добие за еден натпревар.

Неговото блескаво издание во мечот во кој го елиминираше Реал Мадрид во Лигата на шампионите беше токму на нивото кое ги задоволува високите критириуми на Л’Екип.

„Беше величествен и во првиот меч. Во реваншот српскиот напаѓач одигра совршен натпревар. Оној, кој ти ја обележува кариерата, оној кој те прави ѕвезда. Имаше две клучни асистенции, а го постигна третиот гол со удар со левата нога од 16 метри”, стои во објаснувањето на Л’Екип заедно со „десетката”.

Колку тешко се доаѓа до оваа „десетка” говори и листата на фудбалери кои стигнале до неа. За да биде појасно, Л’Екип оценки дава само за натпреварите од француското првенство, европските купови и меѓународните репрезентативни натпревари.

На листата се: Нејмар (2018), Карлос Едуардо (2014), Роберт Левандовски (2013), Лионел Меси (2010 и 2012), Ларс Виндфелд (1997), Олег Саленко (1994), Франк Созе (1988) и Бруно Мартини (1988).