Феенорд ќе го назначи Јап Стам за нов тренер на тимот на почетокот на следната сезона. Легендата на холандскиот фудбал и еден од најдобрите дефанзивци низ историјата на европскиот фудбал ќе го наследи Џовани ван Бронхорст на позицијата прв човек на клупата на гигантот од Ротердам.

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед вече се договорил со управата на клубот, која претходно доби информација дека Џовани ван Бронхорст сака да си замине по 4 години поминати на чело на клубот.

46-годишниот Стам го предводи холандски Цволе од почетокот на годината. Пред тоа, тој беше менаџер на англиски Рединг, каде што стигна до плеј-офот во својата прва сезона, но беше отпуштен пред крајот на втората. Ван Бронхорст кој го донесе Феенорд до првата титула по пауза од 18 години, во јануари најави дека има други предизвици.