• Перез на неколку пати ги критикувал играчите, а прв „скокнал“ капитенот кој што најавил заминување од тимот
И натаму „врие“ во Реал Мадрид. По хаваријата која ја доживеаја на „Сантијаго Бернабе“ и елиминацијата од Лигата на шампионите, неколкумина играчи најавиле заминување од таборот на „кралевите“. Меѓу нив и капитенот Серхио Рамос, кој не беше на дуелот со Ајакс, поради жолти картони. Глупост која скапо го чинеше.

И не само тоа. „Кралевите“ за само неколку дена ги загубија сите три трофеи. Прво беа елиминирани од Барселона во Купот, потоа поразени во првенството од Барса, што значеше и отпишување од шампионскиот трофеј (сега разликата е 12 поени), а сега се случи и елиминација од Ајакс во ЛШ.

Претседателот Флорентино Перез во неколку наврати ја  критикувал играта на својот тим, изјавувајќи дека тоа било срамно, а со тие коментари не можел да се помири Рамос кој наводно му соопштил на својот газда: „Исплати ме, и си одам“, притоа му кажал дека го уништил клубот со неговите навредливи зборови.