Успесите на Динамо Загреб воедно се успеси и за хрватскиот фудбал. Така овој историски пласман на „модрите“ во 1/8 финалето од Лигата на Европа и двомечот со Бенфика, придонесе Хрватска од сезоната 2020/2021 да има два претставника во ЛШ, односно таму да играат првопласираниот и второпласираниот тим. За тој успех, Динамо на двата натпревари со Бенфика, не смееше да изгуби на еден натпревар, а вечерашниот го доби, па така сега Хрватска има подобар коефициент од Данска и од Швајцарија.

Првакот ќе оди во второто квалификациско коло во групата на прваци, а вицешампионот ќе оди во второто квалификациско коло во групата на нешампиони.

Победникот од Купот оди во третото квалфикациско коло од ЛЕ, додека од второто квалификациско коло одат другите два претставника, односно третопласираниот и четвртопласираниот тим, а доколку Купот го освои некој од првите четири тима, во ЛЕ оди и петтопласираниот на табелата.

Ете колку значи еден успех во Европа за целокупниот фудбал.