После оние 2:1 во регуларниот дел, Порто доби пенал во 117 минута преку ВАР технологијата, кој успешно го реализираше Алекс Телеш, и се пласираше во 1/4 финалето. По првиот меч Рома имаше предност од 2:1, која беше анулирана.

Порто имаше шанси и во регуларниот дел да стигне до 3:1, но до тој резултат стигна во продолжението и затоа оди во следната фаза.
Имаше и спорна ситуација во шеснаесетникот на Порто, но Чакир се одлучи да не покаже на белата точка за римската „волчица”.