Манчестер Јунајтед е хит на вечерта. Ако вчера тоа беше Ајакс, вечерва се „црвените ѓаволи“. Тие срушија една долга традиција, која трае практично од постоењето на Лигата на шампионите.

Имено, Манчестер Јунајтед е првиот тим кој што успеал да се врати од негатива на домашен терен од 0:2.

Никој не веруваше дека Јунајтед, со бледото издание во Манчестер, и поразот од 0:2, ќе успее да се врати и да го елиминира ПСЖ. Особено и што имаше големи проблеми во составот пред ова гостување.

Но, момците на Оле Гунар Солскјер успеаја во тоа, и срушија една долга традиција. До сега сите 34 натпревари во Лигата на шампионите, и вкупно 100 во сите европски Купови во кои домашните имале предност од првиот меч со 2:0, поминувале понатаму. Но не и вечерва.