Полуфиналето МЗТ Скопје го почнува на 20 март во Сараево против од претходно познатиот ривал Спарс (БиХ), реваншот се игра во Скопје на 24 март, евентуалната „мајсторка” би се играла на 28 март повторно на гости.

Избраниците на Ѓорѓи Кочов на вчерашниот дуел изгледаа очајно, нешто што не смее да се повтори доколку македонскиот првак сака да ги оствари најавените високи амбиции.

„И честитам на Сутјеска, заслужено победи. Ние игравме лошо, немавме решение за нивните двајца најдобри играчи Павличевиж и Кнежевиќ. Противникот во првото полувреме имаше одличен процент на реализација, додека пак ние на другата страна немавме концентрација. Сутјеска беше подобра од нас со секој сегмент. МЗТ не смее да изгледа вака на терен, бидејќи е тим со високи амбиции“, рече Кочов по мечот.

МЗТ Скопје последниот меч од групната фаза го игра следниот четврток токму против Спарс, како загревање за вистинската битка со овој тим.