Кожув не успеа да приреди сензација во БИБЛ-лигата, иако на момент изгледаше дека е многу близу. Пред крајот на третата четвртина избраниците на Александар Јончевски успеаја да фатат резултатски приклучок, но кога требаше да додадат „гас” снемаа сили.

На крајот гевгелискиот тим остана да се помири со поразот број осум во балканското друштво 85-94 (17-25, 21-29, 31-16, 16-25) каде веќе ги загуби шансите за пласман на фајнл-фор завршницата.

Гостите доминираа уште на стартот, на полувремето имаа 38-54, но по одморот следеше пресврт. Кожув направи серија од 21-0 и во 32. минута поведоа со 75-69, но за жал следеше пад.

Вилијамс со 24 поени и седум скока беше прв стрелец, Караколев имаше четири поени помалку, 18 поени забележа Кесар.

Кожув по оваа средба остана на петото место на табелата во регионалното друштво.