Хулен Лопетеги нема по добро да ја памети 2018 година. Само што прифати да биде тренер на Реал Мадрид, доби отказ од селекторската позиција на Шпанија, и тоа на само неколку дена пред почетокот на Мундијалот во Русија.

Лопетеги го превзеде кормилото на „кралскиот клуб“, но на него не се прослави. Го водеше само на 14 натпревари, а чашата се прели по катастрофата од Барселона со 5:1.

Тогаш Лопетеги доби отказ, не можеше да верува дека тоа му се случи. Меѓутоа отказот и тоа како добро ќе си го наплати. Шпанскиот тренер го тужи својот екс клуб и ги бара сите пари. Тоа е цифра од околу 28 милиони евра. Ова е дополнителен „шок“ за најтрофејниот клуб во ЛШ, по испаѓањето во елитното натпреварување од Ајакс пред неколку денови.