УЕФА започна истрага против Манчестер Сити за прекршување на правилата на финансискиот фер-плеј, соопштија од европската фудбалска централа. На првакот на Англија над глава му висат еден куп казни, а може да биде исфрлен од Лигата на шампионите.

Оваа информација во јавноста ја трасираше германски „Шпигел” според кој клубот бил финансиран од фирми регистрирани на Кајманските острови и ги прикривал нарушувањата на финансиските фер-плеј. Тоа стана јасно откако „Шпигел” објави документи од платформата „Фудбал ликс” која ги открива нечесните работи во фудбалот.

Сити е објект на разгледување од страна на наши агенти поради информациите за сериозно нарушување на правилата на финансискиот фер-плеј“, кратко и јасно објаснија од УЕФА.