Манчестер Јунајтед го елиминираше ПСЖ, го совлада со 3-1 и обезбеди место во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Оле Гунар Солскјер уште еднаш ги покажа своите тренерски квалитети и одново ги освои симпатиите на фановите. Никој не се надеваше дека „црвените ѓаволи“ ќе можат да направат чудо во Франција, но токму тоа се случи, а норвешкиот стратег очекувано беше пресреќен.

„Во овој клуб вака се одат работите. Тоа е Јунајтед“, рече тренерот на Јунајтед, а потоа ја откри добитната комбинација.

„Го гледавме дуелот меѓу Реал Мадрид и Ајакс. Тоа беше нашата мотивација“.