Централниот бек на Баерн Минхен Матс Хумелс одговори на одлуката на селекторот Јоаким Лев повеќе да не биде повикуван во репрезентацијата на Германија. Тој заедно со Томас Милер и Жером Боатенг се принудно „пензионирани” од националниот тим, а Лев реши да ја подмлади екипата по фијаското на СП 2018 и Лигата на нациите.
Хумелс реагира на начинот на кој дознал дека Лев нема повеќе да смета на неговите услуги.

Кога помина извесно време, би сакал да ја прокоментирам одлуката на националниот селектор. Ја почитувам секоја одлука на селекторот, но не ми се допадна начинот. Секогаш сум бил во добри односи со секого во репрезентацијата па и во Германската фудбалска асоцијација. Томас, Жером и јас сме давале се за националниот тим години наназад и според мене треба да бидеме почитувани. Го прифаќам тоа што не сум повеќе во тимот, но начинот на кој дознав многу ме повреди. Што се однесува до мене, можам да го кажам следното: поминав убави години во репрезентацијата, 70 настапи и го постигнав сето тоа што го сонував како дете. Играв на четири големи турнири, а врвот беше освојувањето на шампионската титула на Светското првенство во 2014. Засекогаш ќе го носам тоа чувство во себе“, изјави Хумелс.