Кошаркарите на Блокотехна продолжуваат во добар ритам оваа година и ја запиша осмата победа во БИБЛ лигата. Вечерва го победи Барси Атирај на гости во Казахстан со убедливи 70-83. По првата четвртина гевгеличани имаа +5 (19-24), а на полувреме и +8 (31-39). Во третата четвртина Барси успеа да направи пресврт, но нашиот преставник собра сила и во решавачките моменти заигра најдобро што знае за конечна победа од 13 поени разлика.
Најдобар стрелец во редовите на Блокотехна е Данило Мијатовиќ со 25 поени, додека Брендон Пен имаше „дабл-дабл” од 20 поени и 11 скокови.
Четата на Марјан Илиевски веќе има обезбедено место на Фајнал фор.