Одбојкарскиот клуб Вардар денеска во „Капитол мол“ по повод денот на жената 8-ми Март поделија црвени ружи и ГРАТИС карти за престојниот меч со тимот на Шутова на 17-ти Март во Спортската сала – Градски Парк од 18 часот.

Тимот на ОК Вардар упати силна порака до сите жени: “Бидете ГОРДИ, УБАВИ и УСПЕШНИ низ цела година“.

„Ви Благодариме за поддршката и ве покануваме да бидете дел од црвено-црната магија на ОК ВАРДАР“, напишаа на својот профил на Инстаграм.