Вердер Бремен го победи Шалке со 4:2 во рамките на 25 коло на Бундес лигата и му ја продлабочи кризата и го здрма тренерското столче на Доменико Тедеско. А „сините” од Гелзенкирхен не само што се пред елиминација во Лигата на шампионите, туку постојат реални шанси да испаднат од елитата
Вечерва Вердер со пресврт го победи Шалке 04 со 4:2 во јубилејниот 100. меѓусебен првенствен меч. „Сините” поведоа со голот на Емболо во 26. минута, меѓутоа „бременските музиканти” го свртеја мечот во своја корист. Пет минути подоцна косовскиот напаѓач Милот Рашица изедначи на 1:1, а на почетокот на второто полувреме судијата по консултација со ВАР собата покажа пенал поради фаул на Стамбули во сопствениот шеснаесетник. Макс Крузе го погоди голот. Тоа беше негов 13-ти изведен пенал и 13-ти пат погоди. Само двајца играчи се пред него во таа категорија во Бундес лигата. Лудвиг Нолден има 15 од 15 и Ханс-Јоаким Абел има 16 од 16.

Во 73 минута Рашица со својот втор гол на мечот oдново носи двојна предност на Вердер, но Шалке во финишот намали преку Емболо по корнерот што го изведе Ошипка.Ветеранот Мартин Харник во четвртата минута од судиското продолжение ги постави конечните 4:2 за „музикантите“.

Вердер ја запиша 43. победа над Шалке.

Интересно за Вердер е што шест играчи: Павленка, Гебре Селасие, Аугустинсон, Егештајн, Класен и Крузе биле во стартниот тим на сите натпревари во Бундес лигата сезонава.

Што се однесува до тимот од Гелзенкирхен, веројатно ќе добие нов тренер. Доменико Тедеско ги испушти конците и не може да ја поврати самодовербата во екипата. На последните шест натпревари тимот освои само еден бод.
Позицијата број 14 на табелата и само 23 освоени бода се катастрофален ефект. Четири поени е оддалечен од опасната зона. Вердер се искачи дури на осмата позиција.