ФК Сараево во чии редови настапува македонскиот интернационалец Крсте Велковски од денеска има виетнамски сопственици. Според информацијата од БиХ, мнозинскиот сопственик на клубот, Винсент Тан, донел одлука за продажба на мнозинскиот пакет акции во клубот од „Кошево” и тоа на инвеститор од Виетнам, извесен Нхујен Хоаи Нам.

Новиот виетнамски „газда” во ФК Сараево добива 60% од акциите, додека досегашниот сопственик задржува 30% од акциите. Останатите 10% се кон други инвеститор.

Новиот сопственик има компанија „ПВФ” која е современа фудбалска академија фокусирана на развој и вложувања во фудбалот и која соработува на глобално ниво со големите имиња на светскиот фудбал. „ПВФ” е најголема приватна корпорација во Виетнам.