Шампионот на Англија, Манчестер Сити и германскиот првак Баерн први го контактирале Ајакс по брилијантниот настап на српскиот интернационалец Душан Тадиќ на мечот со Реал (М).

Според дел од српските медиуми, Манчестер Сити наводно бил подготвен да плати 26 милиони фунти за да го врати Тадиќ во Премиер лигата, каде претходно настапуваше неколку сезони во екипата на Саутемптон.

Баварците, пак, веруваат дека 30-годишниот српски интернационалец одлично ќе се вклопи во тимот за следната сезона, особено што им е потребно освежување во креативата во нападот.

Ајакс минатото лето го купи Тадиќ од Саутемптон за 10 милиони фунти и сега е на пат да направи одлична зделка, доколку се согласи за негова продажба.