Милвоки имаше константна контрола над резултатот во дербито, додека Пејсерси единствено во вториот период од натпреварот се заканија намалувајќи на 67:64, но следеше нова серија од 13-0 на домашните со која ја задржаа предноста и победија на крајот.

Антетокумпо со 29 поени, 12 скока и пет асистенции беше прв играч на Милвоки, додека Мидлтон имаше 27 поени. Кај Индијана Мајлс Тарнер со 22 поени и 17 скока беше прв стрелец, додека Бојан Богдановиќ имаше 17 поени.

Оклахома и Портланд одиграа интересен натпревар со многу драма, особено во последните минути од мечот. Се вратија гостите за 113:113 на крајот на регуларниот дел од средбата, а потоа во продолжението се изборија и за комплетен пресврт и победа.

РЕЗУЛТАТИ:
Милвоки – Индијана 117:98
Портланд – Оклахома 121:129