Утре стартува втората полуетапа во двете втори лиги, па убаво ќе биде да се потсетиме за тоа што се случуваше во врска со трансфер периодот. Како никогаш досега оваа зима немало толку трансфери во двете втори лиги, посебно преселба од Првата во клубови од Втората лига. И тоа е така поради фактот дека дел од нив, како Кит Го, Борец, Струга Трим Лум и други, се етаблираат во добростоечки клубови кои без проблем може да купат скап прволигашки играч. Тоа најмногу го покажаа пехчевци кои покрај останатите, ги ангажираа и Александар Пановски (Силекс), потоа Антонио Бујчевски и Бчагој Гуцев (Трепча – Косово), потоа Борец ги доведе Филип Петров и Филип Јаневски, па Струга Трим Лум ги ангажира Флорент Османи, Илче Петровски, Христијан Драгарски. Димитар Иванов замина од Силекс во Кожуф.

Љамчевски побегна од Победа, се врати во Пелистер…

Најинтересно беше што се случуваше со Благоја Љамчевски. Прво од Шкупи се пресели во Победа, за да виде како е таму брзо се врати во својата родна Битола, во второлигашкиот Пелистер. Покрај него во Пелистер сега ќе играат и Ристе Маркоски, Петар Љамчевски, Горан Ганчев. Во Гостивар дојде Јасир Селмани, искусен прволигашки играч кој некогаш беше голема надеж на Шкендија. Во Тетекс пак заминаа Дамир Десниќ, Леон Најдовски, па Филип Петковски. Се се тоа играчи кои до пред неколку месеци играа во Силекс и Работнички. Секако да не заборавиме и на Горан Пашовски кој од Беласица се пресели во Брегалница.

Има уште многу, многу такви играчи, но факт е дека оваа зима клубовите во Втората лига, барем тие што можеа, не жалеа пари за ангажман на нови имиња. Тоа значи дека од утре па до мај ќе гледаме поквалитетен фудбал во двете втори лиги.