Претседателот на актуелниот европски клупски шампион Реал Мадрид изготви трансфер листа за ова лето. Весникот близок до „кралскиот клуб”, „Mарка”, објави дека на списокот нема некои специфични имиња, туку избор по позиции на кои ќе има нови играчи, а на кои дел од постоечките ќе си заминат.

Според информацијата, Реал (М) ќе мора да купи централен дефанзивец, лев бек, двајца играчи од средниот ред и еден напаѓач.

Одамна се зборува дека перез се подготвува за големи трансфер бомби, а во прв план се имињата на најдобриот фудбалер на Челзи, Еден Азар, но и оние на Килиан Мбапе, Хари Кејн, Кристијан Ериксен… Исто така како нов дефанзивец може да биде Дејвидсон Санчез од екипата на Тотенхем.

На листата на фудбалери кои најверојатно летово ќе заминат од Мадрид се Рафаел Варан, Одриозола, Тони Крос, Иско, Марко Асенсио и Герет Бејл, кои имаат неизвесна иднина.