Во Албанија викендов нема да се игра фудбалско коло. Судиите го бојкотираат првенството како знак на протест и заштита на нивниот колега, кој беше нападнат и брутално истепан на натпреварот помеѓу Камза и Лачи. Имено, беше досуден пенал во 90. минута за Лачи, при 1:0 за Камза. Токму македонскиот интернационалец Бојан Најденов го реализираше за бод, а потоа почна „хаосот“ на теренот.

Неколку неидификувани лица, како и раководството на Камза го нападнаа главниот судија кој заврши со повреди.

Албанската федерација веднаш реагираше и го казни тимот на Камза, со тоа што го исфрли од натпреварувањето, а тројца официјални лица од овој клуб добија доживотни суспензии.