Во 27. коло од италијанската Серија А Јувентус убедливо го победи Удинезе со 4:1 и веќе има +19 во однос на најблискиот конкурент Наполи (75 бодови наспроти 56 на тимот од „Сан Паоло” кој има и меч помалку)
„Старата дама” веќе одамна го освои „скудетото”, но тимот на Масимилијано Алегри сака со стил да го заврши шампионатот – со што е можно поголема разлика во однос на вториот. Со оглед на тоа дека им претстои реваншот од осминафиналето на ЛШ со Атлетико и треба да бркаат негатива од 2:0, Алегри ги одмараше ѕвездите (освен голманот Шчесни), а на терен го пушти резервниот тим: Спинацола, Ругани, Касерес, Бентакур, Матуиди, Бернардески, Кин, Алекс Сандро во второто полувреме и 18-годишниот Ханс Кавиља кој дебитираше за првиот тим на Јуве.

Во првиот дел брилираше младиот Моис Кин кој постигна два гола. Статистиката вели дека со 19 години и 8 дена, тој е најмладиот играч на Јувентус кој постигнал два гола на еден првенствен натпревар по Џузепе Галдериси (18 години и 329 дена) во далечната 1982 година.

Гол-серијата ја продолжија Емре Џан со гол од пенал во 67 минута и Блес Матуиди во 71 минута. Удинезе намали на пет минути до крајот со голот на Ласања.
Удинезе е на 15. место со седум бодови повеќе од црвената зона.