Тренерот на италијанскиот шампион Јувентус, Масимилијано Алегри, изјави дека нема да биде неуспех и доколку “бјанконерите” испаднат од Атлетико Мадрид во 1/8-финалето во Лигата на шампионите.

Двата тима следната недела влегуваат во меѓусебна пресметка на реваншот во Tорино, каде мадриѓани доаѓаат со предност од првиот домашен меч со 2:0.

„Откога сум во Јуве, триумфот во Лигата на Шампионите секогаш бил цел. Луѓето зборуваат дека ако бидеме елиминирани, ќе биде неуспех. Но, тоа не е точно. Силите на турнирот се многу израмнети и во натпреварот со Атлетико може се да се случи. Ако продолжиме, ќе биде прекрасно, ако не успееме, ќе пробаме следната година”, изјавил тренерот на Јувентус.

Идината на Алегри на кормилото на Јувентус е неизвесна и многумина го поврзуваат неговото останување во италијанскиот шампион токму со освојување на ЛШ.