Борец покажа добра форма уште на стартот од пролетниот дел. Со 3:0 успеа да ја победи Плачковица, и тоа со головите на Марко Ѓорѓиевски два и Ѓорѓи Ѓоргиев. Во секој случај апсолутно заслужен триумф, сега велешани избегаа цели десет бода.

Сензација во Каменица, домашната Саса со голот на Додевски уште во 12. минута го победи Кит Го, До крајот на мечот пехчевци имаа повеќе шанси, но не знаеја како да дојдат до мрежата. Во Гевгелија во интересен меч, инаку ова беше дерби на 15. коло, Кожуф и Брегалница одиграа без голови. Тиквеш може да жали, имено имаше се до 89. минута, резултат од 1:0, контрола на играта, но Детони успеа да израмни и да му откине два бода на кавадарчани.
Натпреварот меѓу Партизан Обршани и Вардар Неготино почна подоцна.

РЕЗУЛТАТИ – 15. КОЛО
КОЖУФ – БРЕГАЛНИЦА 0:0
БОРЕЦ – ПЛАЧКОВИЦА 3:0
ПАРТИЗАН (О) – ВАРДАР (Н)
САСА – КИТ ГО 1:0
ДЕТОНИТ – ТИКВЕШ 1:1

ТАБЕЛА
1. БОРЕЦ 40
2. ТИКВЕШ 30
3. КОЖУФ 29
4. КИТ ГО 26
5. БРЕГАЛНИЦА 25
6. ПЛАЧКОВИЦА 15
7. ДЕТОНИТ 11
8. ВАРДАР (Н) 10
9. ПАРТИЗАН (О) 10
10. САСА 10