Баерн Минхен и Борусија Дортмунд остануваат на „иста бранова должина“ на табелата во Бундеслигата. А, малку недостасуваше „Баварците“ да се стекнат со позитива, откако Дортмунд имаше проблеми во дуелот со Штутгарт.

Затоа, пак, Баерн лесно го совлада Волфсбург. Триумф од 6:0 на крајот од средбата, како одлична најава за дуелот со Ливерпул од ЛШ. Головите за тимот од Минхен беа дело на Гнабри, Родригез, Милер, Кимих и два пати Левандовски.

Борусија Дортмунд и Штутгарт на полувремето играа 0:0. „Милионерите“ дојдоа до водство преку пеналот на Ројз. Сепак, Штутгарт веднаш врати и успеа да израмни преку Кемпф. Долго време беше 1:1, а потоа на шест минути пред крајот од средбата Алкасер погоди за 2:1, за Пулишиќ во судиското надополнување да постигне гол и да ја запечати победата.

Фрајбург на домашен терен ја совлада Херта со 2:1, а Лајпциг не ја оправда фаворитската улога и дома играше 0:0 со Аугзбург.