МЗТ го совлада Работнички во „Градски парк“ (70:74) и разбирливо е дека во таборот на „штрковите“ се задоволни што славеа во последното издание од вечното дерби.

„Честитки за победата до моите играчи, беше тешко, но бевме подобри во текот на целиот натпревар. Но, како и секое дерби, така и ова беше на една топка. Добро е што му вративме на Работнички.

Среќен сум што одигравме дерби натпревар во убава атмосфера, што е добро за македонската кошарка, која ја популаризираме токму преку ривалитетот на МЗТ и Работнички“, констатираше стратегот на МЗТ, Ѓорѓи Кочов.