Леванголски, или поточно Роберт Левандовскиовски е новиот рекордер, странец во Бундеслигата. Тој денеска, како член на Баерн, стрелаше двапати во мрежата на Фолфсбург од вкупните 6:0. Со тоа и дефинитивно, на листата на стрелците, го мина Клаудио Пизаро со 195 голови. Трет е Џовани Елбер со 133 голови.

Се разбира дека ова е големо достигнување на еден од најдобрите офанзивци во светот. Да се постигнат 197 голови во една од најсилните лиги во Европа, во дресот на Баерн Минхен, претходно и за Борусија Дортмунд, секако дека не е мала работа.