Немаше голови на дербито кое се одигра во Охрид. Струга Триум Лум ја задржа лидерската позиција и со еден бод во дуелот со Лабуништа. Двата тима играа внимателно, но многу фер и коректно. Немаше многу шанси, и од тука резултатот од 0:0 се чини е најреален. Со тоа битката за првото место и натаму ќе се води до крајот на натпреварувањето.

Пелистер на свој терен дојде до триумф над Влазерими со 2:1. Браќата Петар и Благоја Љамчевски ги постигнаа головите за битолчани кои со овој триумф, полека фаќаат приклучок кон горниот дел на табелата, и покрај тоа што и натаму се далеку од првите две места.

Тетекс со автогол и со гол на Петковски го победи Гостивар, и ги оживеа надежите за избегнување на последното место на табелата.

Интересно и возбудливо беше на дуелот Генч Калемлер и Скопје. Возбудувањата стартуваа дури во финишот кога во 87. минута Скопје поведе преку Настевски. Сепак, во судиското продолжување од пенал Белули донесе еден бод за домашните. Гоблен и Кораби играат утре.

РЕЗУЛТАТИ 15. КОЛО
ПЕЛИСТЕР – ВЛАЗЕРИМИ 2:1
ТЕТЕКС – ГОСТИВАР 2:1
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ЛАБУНИШТА 0:0
ГЕНЧ КАЛЕМЛЕР – СКОПЈЕ 1:1
НЕДЕЛА, 14 Ч: ГОБЛЕН – КОРАБИ

ТАБЕЛА
1. СТРУГА ТРИМ ЛУМ 29
2. ЛАБУНИШТА 28
3. СКОПЈЕ 22
4. ПЕЛИСТЕР 21
5. ВЛАЗЕРИМИ 21
6. ГОСТИВАР 19
7. КОРАБИ 18 (-1)
8. ГЕНЧ КАЛЕМЛЕР 17
9. ГОБЛЕН 14 (-1)
10. ТЕТЕКС 12