МЗТ Скопје најави дека во „Градски парк“ доаѓа по целиот плен, иако зад себе го имаше поразот од Сутјеска во АБА2-лигата. Избраниците на Ѓорѓи Кочов во мечот со бројни промашувања подобро се снајдоа, славеа со 74-70 и му се одмаздија на Работнички за празот на домашен терен оваа сезона. На другата страна „пулените“ на Марин Докузовски не „возеа“ како што посакуваше искусниот стратег, шанса имаа и пред крајот, но не искористија ниту една…