Струга остана и без теоретските шанси за пласман во „плеј-офот” од ракометната Суперлига, откако вечерва не успеја да слави во Битола, односно загуби од Пелистер со 30:28 (13:16).

Иако во најголемиот дел од мечот струшкиот суперлигаш беше оној кој ја имаше контролата над резултатот, па дури и предност од три гола, како на полувремето (13:16), така и во пресрет на последните 15. минути од средбата, 22:25.

Но, кога беше најпотребно, Пелистер беше помирен, фокусиран и ги искористи грешките на противникот, па во финишот се избори за пресврт и за победа.

Во редовите на „зелените” Поповиќ со десет и Станојевиќ и Кобетиќ со по шест гола беа најефикасни, додека кај Струга Кузманоски постигна осум погодоци.

Останатите натпревари поминаа во рамките на очекуваното, Бутел славеше над Вардар Јуниор, 28:21, Пролет беше убедлив во дуелот со Радовиш (40:30), додеа Охрид со триумф над Прилеп (35:19) се рехабилитираше од поразот во „езерското” дерби.

РЕЗУЛТАТИ:
Бутел – Вардар Ј. 28:21 (15:13)
Пелистер – Струга 30:28 (13:16)
Пролет – Радовиш 40:30 (20:16)
Охрид – Прилеп 35:19 (18:9)