На оние што доволно добро ги познаваат приликите во мак-фудбалот доволно јасно им е дека денеска, мислиме на мечот Работнички – А.Пандев, некои работи ќе се разјаснат. Пред се околу европската судбина на „романтичарите”. Нема дилеми, тие денеска мора да слават над „пандевци” ако сакаат самите да си решаваат до крајот на пролетниот дел.

Во пресрет на овој натпревар разликата во однос на струмичани е пет бодови, потоа Работнички сака да му побегне и на забревтниот Шкупи, но најважно е сега да се освои целиот плен против Академија Пандев. Ако клубот од Градски парк денеска загуби, е тогаш следува пекол за момците на стратегот Жикица Тасевски, но и за него и за сите во клубот. Посебно ако во финалето во Купот на Македонија, веројатно ќе играат Македонија ЃП и А. Пандев, слават „лавовите”. Е тогаш нема Европа за Работнички.

Затоа велиме дека овој натпревар е веројатно и натпревар на пролетниот дел за „романтичарите”, ако нешто и некогаш се морало, едноставно за нив денеска се мора. Тоа го најавија и голгетерите Баже Илијоски и Петар Петковски.

Оваа битка со Академија Пандев е нивна битка за ЕВРОПА…