Гоблен – Кораби 1:3 е епилогот од последниот меч, одигран денеска, во рамките на 15. коло во Втората лига – Запад. На стадинот во Куманово домашните поведоа со голот на Азири во 22. минута, ретко кој тогаш претпоставуваше, во тој момент, дека работите целосно ќе се свртат. И така и беше. Следуваше канонада на Кораби кој со головите на Целески во 39. минута, Лика во 73. и Муча во 87. минута успеа да победи со 3:1 и да освои големи и значајни бодови.