ГОСТИВАР – БЛОКОТЕХНА  98-86 (22-27, 22-19, 32-19, 22-21)

Кошаркарите на Гостивар го добија дербито со Блокотехна и се пробија на 5. место во домашното првенство. Во меч во кој гостите почнаа одлично, гостиварчани имаа брилијантна трета четвртина во која успеаја да ја направат разликата и да го скршат отпорот на гостите.

Блокотехна ја доби првата четвртина со 27.22 и најави дека е дојдена по бодовите во гостиварската сала. На полувреме гостите имаа предност од два поени, но на стартот на вториот дел доживеаја сериозен удар од домашните, кои имаа фантастична четвртина во која направија +13 и со тоа успеаја да влезат со убедлива предност во последните 10 минути од мечот.

Со квалитетна одбрана и добар шут, домашните ја одржаа разликата и ја прокнижија десеттата победа. Џастингер со 23 поени беше најефикасен кај Гостивар, додека кај Блокотехна Мијатовиќ имаше 27 поени.