Италијанскиот пилот од тимот на Дукати, Андреа Довициозо е победник на премиерната трка од новата сезона во Мото ГП шампионатот. На Патеката Лосаил во Катар, Довициозо имаше една извонредна трка во која зад себе го остави еден од главните конкуренти за титулата и оваа година, Марк Маркес на Хонда.

Едно од најголемите имиња на МОТО ГП сцената во последната деценија, Италијанецот Валентино Роси трката ја заврши на петтата позиција, а Маверик ВИљалес кој почна од пол-позицијата на крајот мораше да се задоволи само со 7. место.

МОТО ГП – КАТАР:

1. Андреа Довициозо (Дукати).
2. Марк Маркес (Хонда) – +0.023.
3. Кал Крачлоу (LCR Хонда) – +0,320.
4. Алекс Ринс (Сузуки) – +0.457.
5. Валентино Роси (Јамаха) – +0,600.