Трет меч на свој терен оваа пролет и третпат без победа, и не само што не победија против Академија Пандев, туку „романтичарите” загубија со 1:2. И дефинитивно нешто не штима кај „моќниот” Работнички кој пред стартот на сезоната беше најавуван како тим кој ќе се прошета низ пролетниот дел до Европа. А сега, е сега таа Европа е многу, многу далеку…